АД МЕПСО, Лиценциран оператор на преносната електро-енергетска мрежа

posted on 11.09.2017

АД МЕПСО, лиценциран оператор на преносната електро-енерегетска мрежа и во рамки на можностите организира аукции за алокација на расположиви прекугранични преносни капацитети. Во прилог се ставени на располагање сите информации, формулари и параметри за целосно информирање на сите учесници на пазарот и јавноста.
Далноводни преносни капацитети предмет на аукциите се:

  • Р. Македонија и Р.Србија ( 400 kV ДВ ТС Скопје 5 - ТС Косово Б)
  • Р. Македонија и Р.Бугарија ( 400 kV ДВ ТС Дуброво – ТС Ч. Могила)
  • Р. Македонија и Р.Грција ( 400 kV ДВ ТС Дуброво - ТС Солун и ТС Битола – ТС Лерин)

Врз основа на член 70 од Законот за енергетика ("Службен весник на Република Македонија" бр. 16/2011) и врз основа на член 19, точка 18 од Статутот, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост "МЕПСО", со одлука на УО бр. 02-6277/13 од 14,07,2011 година и со решение од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр. 02-1004/1 од 21.07.2011 година за одобрување на Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети, донесе Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети, објавени во Сл.весник бр. 105 од 01.08.2011 година.

Согласно член 11 и член 12 од Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети, АД МЕПСО со одлука на УО бр. 02-6799 од 04.08.2011 и решение за одобрение бр. 02-1154/1 од 01.09.2011 година од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, донесе:

Овие правила стапуваат на сила од денот на објавубвање на web страната на АД МЕПСО (02.09.2011 година), а ќе отпочнат да се применуваат за месечната аукција за октомврври 2011 година и за неделните аукции за месец октомври 2011 година.

Неделните аукции за месец септември 2011 година ќе се спроверуваат согласно "Правила за месечно / неделно доделување на расположивите преносни капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија за периодот 01.03.2011 год.-31.12.2011 година".

За дополнителни информации, Ви стоиме на располагање Лица за контакт